Косово вели дека ќе продолжи да гради доверба со САД

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската амбасада во Приштина вчера соопшти дека го суспендира стратешкиот дијалог со Косово, поради, како што наведоа, загриженост за потезите на владата во заминување кои ги зголемиле тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД да соработуваат продуктивно со Косово.

Портпаролот на косовската влада во заминување, Перпарим Криезиу, реагираше со став дека односите со САД остануваат стабилни и покрај оваа одлука на Вашингтон.

Во објава на „Фејсбук“, Криезиу нагласи дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“.

Според него, Владата, за првпат од прогласувањето на независноста, успеала целосно да го исполни мандатот, придонесувајќи за институционална стабилност и социоекономски развој, и покрај бројните предизвици – пандемијата, енергетската криза и војната во Украина.

Тој додаде дека постапките на извршната власт секогаш биле законски и уставни, насочени кон елиминирање на жариштата на дестабилизација и кон зајакнување на владеењето на правото, особено во северниот дел на Косово.

Криезиу истакна дека Косово ја деполитизирало интеграцијата на српската заедница, заштитувајќи ги граѓаните од илегалните структури на Србија преку мерки како што се вработување и верификација на дипломи од Универзитетот во Северна Митровица.

Во однос на критиките кон Уставниот суд, портпаролот рече дека ставот на премиерот во заминување Албин Курти бил јасен, обвинувајќи го Судот за доцнење во одлуките и нарушување на демократскиот карактер на Републиката.

„Ги поздравуваме и критиките. Кога се конкретни, се трудиме максимално да ги подобриме и исправиме нашите чекори и постапки“, напиша Криезиу, додавајќи благодарност за придонесот на САД за Косово.

Share This Article