Кошта и Кос го поздравија договорот за железничкот тунел

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што се случи вчера на Железничката станица Ѓуешево.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на мрежата Икс напиша дека изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој, соопштија од Министерството за транспорт.

„Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност“, објави претседателот на Европскиот совет.

И еврокомесарката Марта Кос го поздрави потпишувањето на Договорот.

„Бугарија и Северна Македонија се согласија да ја продолжат работата на Коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море и Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и комуникацијата меѓу луѓето“, напиша еврокомесарката Кос.

Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридор 8, вчера во Ѓуешево го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов.

„Пругата на Коридорот 8 покрај економското значење за Македонија, за регионот и за Европа, има и безбедносно значење од аспект на НАТО“, велат од Министерството за транспорт.

Валентина Суперти, директорка на Директоратот за Западен Балкан на ЕК, вчера на церемонијата во Ѓуешево порача дека двете соседни држави може да сметаат на поддршката од Европската комисија.

– Од заедничкото работење на прекуграничните проекти не губат добрососедските односи коишто се од суштинско значење, особено кога станува збор за членството во ЕУ – укажа Суперти.

- Advertisement -
Ad image

Тој посочи дека ЕК е мошне е задоволна што обврските коишто беа преземени на 16 јули во Брисел се исполнуваат и резултираат со потпишувањето на овој договор.

ЕУ, посочи тој, го поддржува зацврстувањето на соработката меѓу вашите земји и заедно со партнерите ЕУ обезбедува значителна финансиска помош за овој проект.

– Сметаме на вашето лидерство, а она на  што сведочиме денес ни е потребно за договорот да биде навремено спроведен – рече Суперти.

- Advertisement -
Ad image

Изградбата на тунелот на Коридорот 8 како дел од трансевропската мрежа, како што оцени таа, е иницијатива за отворање пат којшто ќе донесе социјална и економска полза во регионот, со подобрени транспортни услуги и подобар пристап до ЕУ и глобалните пазари.

– Тоа е одржлив транспортен систем со којшто ќе се поткрепи конкурентноста за целиот регион. Коридорот 8 е механизам за посилна регионална соработка и го покрива инфраструктурниот јаз на балканскиот регион. Од стратешка важност е за безбедноста и тоа е всушност нашата заедничка безбедност. ЕУ е целосно посветена на поддржување на спроведувањето на овие важни проекти и затоа сум тука денес – рече претставничката на Европската комисија.

Проценките на институците се дека со изградбата на пругата Скопје-Софија ќе се зголеми товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. Следуваше состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел на кој беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на Македонија.

Share This Article