Background

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност, се додава во соопштението.

„Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните“, соопшти
Кабинет на претседателот на Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Гаши ја закажа седницата за денеска, откако претходно претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи одби да го стори тоа, со образложение дека самиот не би можел да присуствува затоа што уште не е одгоорено на неговото барање да му се издаде безбедносен сертификат. Со седницата треба да претседава пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation