Која е новата стратегија на ЕУ откако Трамп дојде на власт?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Европската Унија е секогаш подготвена да соработува со секоја американска администрација и очекувам многу добра соработка со новите власти во САД“.

Ова го изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

– Се разбира, стилот на различни администрации е различен и ние треба да ги прилагодиме нашите методи на работа врз основа на тоа – порача Калас при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

ЕУ ќе оди чекор по чекор во однос на Сирија

Калас најави дека очекува на денешниот состанок министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ да усвојат патоказ за олеснување на санкциите кон Сирија, порачувајќи дека во однос на оваа држава Унијата го применува пристапот „чекор по чекор“.

– Ако гледаме дека прават чекори во вистинска насока, тогаш и ние сме подготвени да направиме соодветни чекори од наша страна – порача високата претставничка на ЕУ.

Калас додаде дека во однос на Сирија, ЕУ тесно соработува со регионалните и со меѓународните актери, подготвена е да отвори свое претставништво во Дамаск и внимателно следи што се случува, оставајќи им простор на новите власти да ги направат вистинските чекори.

– Иднината на Сирија е кревка, но треба да се надеваме – додаде Калас.

Палестинците и Израелците заслужуваат траен мир, а не примирје

Таа оцени и дека Договорот за прекин на огнот во Газа е прв чекор кон изградба на траен мир, цел кон која ЕУ посветено работи помагајќи им на Палестинците во Газа. Калас најави дека ЕУ е подготвена да ја прераспореди својата мисија на граничниот премин Рафа за да се овозможи полесен проток на хуманитарната помош за Газа.

– Газа и луѓето во Газа претрпеа многу. Мислам дека и Палестинците и Израелците заслужуваат мир и затоа навистина треба да преминеме од прекинот на огнот кон траен мир. Затоа Европа е голем поддржувач на решението за 2 држави. Го поддржуваме правото на Израел на безбедност, но и правата на Палестинците – рече Калас.

- Advertisement -
Ad image

Таа потенцира дека Европа е најголемиот поддржувач на Газа со хуманитарна помош, но и на УНИРВА, а и дека ќе продолжи да ги поддржува луѓето.

ЕУ треба да изврши поголем притисок врз Русија

Калас додаде дека на денешната средба ќе се разговара и за случувањата во Украина, нагласувајќи оти смета дека ЕУ може да изврши поголем притисок врз Русија за ставање крај на војната . Според неа, добро е и што американскиот претседател, Доналд Трамп, „изврши притисок врз Русија со пораката дека во нивни раце е одлуката за прекин на конфликтот“.

Шефицата на европската дипломатија истакна и дека е потребно да се подигне свеста за хибридните закани и активности што се случуваат низ цела Европа, па затоа ЕУ мора да види што повеќе може да направи за нивно избегнување.

- Advertisement -
Ad image

Таа изрази очекување дека европските министри за надворешни работи денеска ќе одобрат продолжување на санкциите против Русија поради војната во Украина, како и олеснување на мерките, наметнати на Сирија под владеењето на поранешниот претседател Башар Асад.

– Очекувам денеска да биде одобрено продолжувањето на санкциите против Русија. Треба да разговараме каков дополнителен притисок можеме да извршиме за да се стави крај на војната во Украина – изјави Калас пред почетокот на првиот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ годинава во Брисел.

„Изборите во Белорусија беа срамота“

Калас потсети дека синоќа организираше вечера за министрите и за белоруската опозициска лидерка Свјатлана Циханускаја, на која се разговарало за вчерашните „срамни избори“ во Белорусија, нагласувајќи дека ЕУ стои зад белорускиот народ и дека земјата е „високо на европската агенда“.

– Го поддржуваме белорускиот народ – рече Калас.

Share This Article