Кој си игра со оган во САД?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД си игра со оган, напиша „Њујорк Тајмс“, на третиот ден од хаотичните протести во Лос Анџелес. Репортер за австралискиот медиум 7News вели дека повеќето демонстранти се повлекле, но дека „вистинските анархисти, оние кои сакаат да предизвикаат вистинска штета“ остануваат на улиците.

Полицијата ги повика демонстрантите да се тргнат од улиците во центарот на градот. На бројните снимки се гледа дека дел од демонстрантите користат пиротехника и молотови коктели. Најмалку 56 лица се уапсени во центарот на градот поради учество на протестите против рациите на имигранти, соопшти полицијата.

Една новинарка беше погодена со гумен куршум, автомобил проба да згази луѓе во толпа и 5 такси возила беа запалени во немирите кои полицијата во ЛА ги гаси со шок-гранати.

 

 

Лорен Томаси, дописничка на „Најн њуз“, известуваше од протест во Лос Анџелес кога беше погодена од гумен куршум испукан од блиската полиција.

– Полицијата на Лос Анџелес се приближува на коњи, пукајќи гумени куршуми кон демонстрантите, бркајќи ги низ центарот на Лос Анџелес – рече таа пред камера, покажувајќи кон полицијата по патот.

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицаец се пресметува со демонстрант што лежи на патот. Во еден момент, полицаец на коњ прегази човек, а друг полицаец го удира со палка. Не е јасно што му претходело на видеото, кое го емитуваше Еј-Би-Си.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Најмалку пет автономни такси возила „Вејмо“ беа запалени за време на протестот. Според објавата на Икс возилата вкупно вредат повеќе од 600.000 долари.

 

 

Исто така возач беше уапсен откако демонстрантите во центарот на Лос Анџелес почнале да го бркаат откако наводно се обидел да ги прегази со својот автомобил.

Возилото неколку пати свртило кон демонстрантите. Во еден момент, од автомобилот се слушнале звуци слични на истрели. Видеото се појави на социјалните мрежи.

 

 

Share This Article