Британската актерка и некогашен модел Елизабет Харли го прослави својот 60-ти роденден на 10 јуни и ги воодушеви своите обожаватели со фотографија што ги вчудовиди сите, позирајќи како од мајка родена и објавувајќи дека е лудо вљубена.
Лани, на 59 години беше прогласена за најсекси жена на светот.
„Среќен роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… јас сум вљубена. Се чувствувам толку благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство на светот. Фотографијата е направена денес попладне… во мојата роденденска облека“, напиша Елизабет Харли, честитајќи си го сама себе роденденот на социјалните мрежи.
На фотографијата таа позира седејќи на тревата со скрстени нозе, а широката насмевка на нејзиното лице кажува колку е среќна.
Под фотографијата, веднаш следуваше објава од нејзиниот нов партнер Били Реј Сајрус – „Те сакам“.
Сајрус не штеди во јавноста да ги споделува емоциите за Елизабет, па напиша: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.