Денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади, објави шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха.
„Денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни воздушни напади од страна на Русија. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт врз Украинците“, напиша Сибиха на платформата Икс.
Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници кои продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина.
„Москва треба да почувствува посилен притисок, бидејќи без тоа ја продолжува војната“, нагласи шефот на украинската дипломатија.