„Се замолува потпретседателката на СДСМ да не ја манипулира јавноста“.
Ова денеска го објави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во емисијата „360 Степени“ рече дека Владата на СДСМ го поптишала Договорот за стратешко партнерство со САД.
Милошоски објави и фотографија од 7 мај 2008 година на којашто е во друштво на Кондолиза Рајс, државен секретар на САД во администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш.
Фотографијата, како што подвлече Милошоски, е направена при потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД.