Background

Кој е Украинецот осомничен за хаваријата во Северен тек?

Володимир З. или според некои извештаи Володимир Журављев, наводно инструктор за нуркање, е уапсениот Украинец осомничен за една од најголемите саботажи во Европа, експлозијата на гасоводот „Северен поток 2“, јавија повеќе западни медиуми.

„Мажот, инструктор по нуркање, идентификуван само како Володимир З. се сомничи дека се нуркал на длабочина од 80 метри за да постави експлозив на дното на Балтичкото Море“, извести британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на информации добиени од германската истрага.

Името Журављев првпат беше објавено од бугарскиот сајт Сега, кој шпекулира дека уапсениот во Полска е 41-годишниот украински инструктор по нуркање, фатен при рутинска полициска проверка на железничка станица во Воломин, близу Варшава.

- Advertisement -
Ad image

Американската агенција АП Њуз не го наведува целосното име, туку го нарекува „украински државјанин Володимир З.“. Според нив, обвинителите во Германија бараат да му се суди за саботажа на објекти од витално значење, без да потврдат дали навистина е инструктор по нуркање.

Истрагата сè уште е во тек, а според германските медиуми, тој е осомничен дека учествувал во поставувањето на експлозив на бродот „Андромеда“, дел од наводната операција што довела до уништување на три од четирите цевки на Северен тек на 26 септември 2022 година.

Згора на тоа, Италија во август уапси уште еден осомничен поврзан со случајот, Сергеј Кузнецов, исто така украински државјанин, за кого германските власти веќе побарале екстрадиција.

Официјална потврда за презимињата на уапсените сè уште нема, а германските обвинители по правило не ги откриваат целосните идентитети на осомничените.

Иако се зборува за украинска операција, засега нема докази дека нападот бил „лажно знаме“ дизајнирано да го префрли сомнежот кон Украина.

Гасоводите Северен поток веќе беа извор на жестока контроверзност пред експлозиите. Со години, голем дел од рускиот гас течеше во Германија преку Северeн поток 1, а Берлин го бранеше проектот како приватна економска инвестиција.

Но, многу источноевропски земји, како и САД и Велика Британија, предупредуваа дека тој го зголемува руското политичко влијание. Откако Русија ја нападна Украина, самата Москва ги прекина испораките на гас преку Северен тек 1, пред цевководите да бидат саботирани.

Северен тек 2 никогаш не беше пуштен во употреба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation