Кои европски држави признале палестинска држава?

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германија не планира на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада во врска со најавата на францускиот претседател дека Франција во септемеври планира да признае независна Палестина.

„Безбедноста на Израел е од врвно значење за германската Влада. Затоа и сега немаме планови да ја признаеме Палестина“, беше нагласено во официјалното соопштение од Берлин.

Според портпаролот на германската влада признавањето на Палестина се смета за завршна фаза во процесот за дво-државно решение.

Би-Би-Си пишува дека расте притисокот меѓу сојузниците на Франција и поголемите држави од ЕУ да ја признаат Палестина. Највата на францускиот претседател веќе наиде на остри осуди од САД и од Израел и на поддршка од милитантната група Хамас.

Британскиот премиер Кир Стармер не сигнализира дека Велика Британија би можела да ја признае Палестина, но Стармер „чекори по потенцијално незгодна трансатлантска дипломатска жица“ и е под притисок од Франција, анализира Хелен Кет за Би-Би-Си.

Британскиот премиер подоцна има повик со Емануел Макрон. Потоа американскиот претседаел Доналд Трамп лета за Шкотска, откако неговата администрација го критикуваше францускиот потег.

Како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации и дел од земјите Г7, Франција има значителна дипломатска тежина на Блискиот Исток, многу повеќе од другите земји од ЕУ кои веќе ја признаа палестинската држава.

Сепак, Франција останува единствена повлијателна земја во ЕУ која најави дека ќе ја признае Палестина. Другата голема западна сила на ЕУ, Германија, верува дека признавањето треба да дојде само на крајот од мировните преговори со Израел за решение за две држави.

Кои други влијателни земји во Европа веќе ја имаат признаено Палестина? Тоа се Шведска, Шпанија, Ирска и Словенија. Неколку други европски држави го сторија тоа во 1980-тите, вклучувајќи ги Полска и Унгарија за време на комунистичката ера.

- Advertisement -
Ad image

Сето тоа ја прави влијателна најавата на францускиот лидер Емануел Макрон дека на состанок во септември во Обединетите Нации ќе го достави потпишаниот документ кој утринава, 25 јули, го објави на социјалната мрежа Икс.

Белгија, која беше еден од најжестоките критичари на Израел во Европа за време на војната со Хамас, го разгледува прашањето и наводно ќе донесе одлука на почетокот на септември.

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави во мај дека лично не мисли дека тоа е разумен чекор бидејќи би значело признавање на држава кога „не можете да кажете кои се нејзините граници, кој е авторитетот и затоа со кого да разговарате како партнер“.

- Advertisement -
Ad image

За предлогот на Макрон не изостанаа ниту сатиричните коментари. Откако САД го осудија предлогот, американскиот амбасадор во Израел се послужи со сатира.

Тој напиша дека ако Макрон може да ја признае Палестина, можеби Велика Британија може да ја прогласи Франција за своја колонија.

До денес, 147 држави во светот ја признале државата Палестина. Меѓу големите сили тоа се Кина, Индија и Русија, но и земји како Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Индонезија, Бразил, Аргентина, Мексико.

Share This Article