Израелската војска соопшти дека во воздушен напад врз Техеран е убиен командант од врвот на Иранската револуционерна гарда. Станува збор за Асгар Багери, кој ја водел единицата за специјални операции на силите Кудс од 2019 година.
Според израелските тврдења, тој бил вклучен во операции насочени кон израелски и американски цели низ регионот.
Израелскит одбранбени сили ИДФ соопштија дека израелските воздухопловни сили го ликвидирале Багери, кој имал високи позиции во рамки на елитната единица.
Силите Кудс се задолжени за координација на иранските сојузници, вклучувајќи ги Хезболах и Хутите.
Ова доаѓа откако Израел претходно објави дека го ликвидирал и шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда, Маџид Хадеми.
Со тоа, според израелските извори, продолжува серијата напади врз врвот на иранските безбедносни структури.
Од почетокот на војната, крајот на февруари, нападите се насочени кон највисокото раководство на Иран. Убиен е врховниот лидер Али Хамнеи, кој ја водеше земјата од 1989 година, по што функцијата ја презеде неговиот син Моџтаба Хамнеи.
Меѓу ликвидираните се и Али Лариџани, клучен политички фактор, министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, како и Али Шамхани, советник за безбедност.
Иран претрпе сериозни загуби и во военото раководство. Убиени се командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур, министерот за одбрана Азиз Насирзаде и началникот на Генералштабот Абдолрахим Мусави.
Во нападите се ликвидирани и команданти од поморските и паравоените структури, вклучувајќи го Голамреза Солејмани и Бехнам Резаи.
Со овие удари, Израел и САД се обидуваат да ја ослабат способноста на Иран да координира воени операции во регионот.
И покрај серијата ликвидации, борбите продолжуваат без знаци на смирување.
Tagged as:
Kои челници на Иран досега загинаа во војната?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
