Хрватскиот клуб Горица денеска отвори книга на жалост во чест на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, чиј поранешен член е.
„На Градскиот стадион Велика Горица беше отворена Книга на жалост за нашиот драг Андреј Лазаров, нашиот поранешен играч, кој прерано го напушти овој свет… Секој што сака да се потпише во Книгата на жалост тоа може да го направи од денеска до четврток, 20 март, на источниот влез на стадионот“, се вели во објавата на клубот.
Младиот кочанчанец, кој го изгуби својот живот во трагедијата во клубот Пулс, оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше уште за Рудеж од Хрватска, како и за Тиквeш, Работнички и за Металург.