Српскиот кошаркарски клуб Црвена звезда е казнет со 10.000 евра поради руските знамиња кои ги вееја навиваите Делије на мечот со литвански Жалгирис во Евролигата.
Натпреварот се одигра на 27 февруари. Навивачите на српскиот тим ја пееја руската песната „Катјуша“ и на разгласот се пуштаа руски песни.
Натпреварот го доби Жалгирис со 86:80.
Инаку, навивачите на Црвена звезда, Делије се збратимени со навивачите на ЦСКА Москва.