Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во Скопје, каде од страна на директорот д-р Игор Камшикоски им беа презентирани новите услови и современа медицинска опрема каква, според властите, ретко може да се сретне дури и во регионот.
Во својата изјава, премиерот Мицкоски се заблагодари на сите кои се вклучени во проектот, со акцент на квалитетните услови кои сега им се нудат на пациентите и медицинскиот персонал:
– Можам само да посакам вработените да имаат помалку работа и да се фокусираме на превенција. Но кога пациентите веќе ќе ги користат овие простории, тогаш барем нека добијат пристојни услови – како што сега имаме овде. Благодарение на директорот, на Фондот, министерот, Министерството и вработените, сега имаме, би рекол, европски услови со опрема која е единствена во нашата земја, а реткост и во регионот – изјави премиерот.
Мицкоски ја искористи посетата за да упати честитки до целиот тим и охрабрување да продолжат во иста насока.
– Навистина сакам да им честитам и да им посакам да продолжат да работат во оваа насока. Немам што друго да додадам освен да се придружам на кажаното од министерот и директорот – рече премиерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
