Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април почина во Затворот во Штип, потврди за МИА, директорот на Казнено поправниот дом (КПД) Затвор, Штип, Дејан Здравков.
Тој вели дека во моментов не може да споделува повеќе информации, бидејќи очекуваат насоки од Основното јавно обвинителство.
Инаку Ѓорѓиевски е еден од осудените за 27 април, а беше осуден на казна затвор од 13 години.
На социјалните мрежи се споделува информацијата за смртта на Ѓорѓиевски.



























