Background

Кинески тим претстави робот со хуманоидна големина, способен да трча со брзина од 10 метри во секунда, побрзо од повеќето луѓе

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кинески тим претстави робот со хуманоидна големина, способен да трча со брзина од 10 метри во секунда, побрзо од повеќето луѓе.

- Advertisement -
Ad image

Роботот, наречен „Болт“, по легендарниот спринтер Јусеин Болт, е развиен од Институтот за хуманоидни иновации на Универзитетот Жеџијанг во Источна Кина, во соработка со компаниите Mirror Me и Kaierda од градот Хангжу.

Според развивачите, овој успех претставува значаен пробив во контролата на движењето на роботите, динамичката рамнотежа и високо-перформансните системи за погон, објавува Синхуа.

Видео објавено на YouTube и други платформи го прикажува основачот и извршен директор на Mirror Mi, Ванг Хонгтао, како се трка со црвено обоениот робот „Болт“.

Роботот правел пократки чекори од Ванг, но развил поголема фреквенција и на тој начин успеал да се движи со побрзо темпо на лентата за трчање.

Минатата година, кинеските експерти поставија рекорд за брзина за четириножни роботи со моделот „Црн Пантер“, кој ја надмина брзината од 10 метри во секунда.

Минатиот август, во Пекинг се одржа првото Светско првенство на хуманоидни роботи, каде што моделот „Тиен кунг“ победи во трката на 100 метри со време од 21,5 секунди.

Јамајканскиот спринтер Јусеин Болт го држи светскиот рекорд на 100 метри со 9,58 секунди, поставен на Светското првенство во Берлин во 2009 година, како и светскиот рекорд на 200 метри со 19,19 секунди,

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation