Background

Кина предупреди на можни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради рекордните горештини што зафатија голем дел од земјата

Кина предупреди на можни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради рекордните горештини што зафатија голем дел од земјата. Властите апелираа до повозрасното население да преземе мерки за заштита од топлотен удар.

Енергетските власти соопштија дека драстично зголемената потрошувачка создава сериозен притисок врз електро-дистрибутивната мрежа. Минатата недела, потрошувачката по првпат надминала 1,5 милијарди киловат-часови, што е трет рекорд само во текот на јули, месец во кој беше прогласена и првата национална тревога за здравствени ризици поврзани со горештините.

– Високите температури ќе влијаат врз производството и дистрибуцијата на електрична енергија. Топлото време ќе ја намали ефикасноста на хидроелектричната и на соларната енергија – изјави портпаролот на метеоролошката служба Ченг Хуеј.

- Advertisement -
Ad image

Властите планираат навремено да ги информираат енергетските компании за можни мерки, вклучувајќи и намалување на потрошувачката во пиковите и прераспределба на енергија меѓу регионите.

– Од средината на март, бројот на денови со температури над 35 степени Целзиусови е најголем откако се водат евиденции во Кина – истакна заменик-директорот на Националниот климатолошки центар, Џиа Сјаолун.

Во последните две недели, 152 национални метеоролошки станици измериле температури над 40 степени, а во една станица во Синџијанг се измерени дури 48,7 степени. Џиа предупреди дека август може да биде подеднакво или дури и поекстремен од претходните години.

Жителите, особено повозрасните, се повикани да останат во затворен простор, а работниците на отворено да ги ограничат активностите.

Рекордни температури се измерени и во северниот јапонски остров Хокаидо. Осум града и еден округ пријавиле највисоки температури од 1977 година, кога почнало официјалното мерење.

Во општината Бихоро, температурата достигна 38,2 степени.

– Ги предупредуваме граѓаните за ризикот од топлотен удар преку нашите веб-страници и социјални мрежи – изјави Рјо Накачи, претставник од блискиот град Китами.

Локалните власти отворија „центар за ладење“ за жителите, од кои многумина немаат клима уреди дома.

Според јапонската метеоролошка служба, топлината е резултат на комбинација од ведро небо, топли воздушни струења од Кина и суви ветрови. Минатиот месец, Јапонија го забележа најтоплиот јуни во историјата.

Министерството за животна средина на Јапонија денеска предупреди на висок ризик од топлотен удар за поголемиот дел од земјата, вклучително и за половина од Хокаидо.

Највисоката досега измерена температура на островот е 39,5 степени, регистрирана во мај 2019 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation