Кина утринава жестоко одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни царини од 50% за увоз на кинески стоки во САД, доколку Пекинг не се откаже од одмаздничките мерки.
Пекинг порача дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа на САД“ и дека „ќе се бори до крај“.
„Со заканите за зголемување на царините, Америка ѝ прави грешка по грешка на Кина“, соопшти кинеското Министерство за трговија.
CNN ја пренесува изјавата на министерството дека оваа закана „уште еднаш ја разоткрива уценувачката природа на САД“.
„Кина никогаш нема да го прифати тоа. Ако САД инсистираат да прават како што сакаат, Кина ќе се бори до крај“, соопшти кинеското Министерство.
Трамп првично воведе царини од 20% за Кина, а минатата недела најави дополнителни „реципрочни“ царини од 34%, на што кинеските власти одговорија со царини за увоз на американски стоки од истите 34%.
Ако Трамп ја спроведе последната закана од американските царини за втората најсилна економија во светот, би дошле неверојатни 104%.
Би-би-си наведува дека оваа давачка ќе влијае и на одредени компании од САД кои набавуваат средства за производство од Кина.