Претседателот на Кина, Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба на првиот носач на авиони Фуџијан, во јужната кинеска покраина Хајнан.
Фуџијан ќе може да носи многу повеќе и многу потешко вооружени авиони ловци од носачите Лјаонинг и Шандонг. Новиот носач на авиони има рамна палуба и електромагнетни катапулти за разлика од другите два, кои се помали и користат рампи за лансирање авиони.
Пред церемонијата за Фуџијан, кинеската морнарица претстави нова верзија на авионот ловец Шенјанг Ј-35, дизајниран за носачи на авиони, како и извидувачкиот авион Ксијанг КЈ-600 и нова модификација на ловецот Шенјанг Ј-15.



























