Кина е во паника од мистериозна вирусна епидемија, покажуваат снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледаат голем број пациенти со маски на лицето кои чекаат во редици пред амбулантите во болниците.
Деновиве се појавија и непроверени извештаи дека крематориумите и погребалните домови се преполни, пишува Дејли мејл, а вознемирувачките сцени наведоа одредени медиуми прават споредба со ситуацијата од раните денови на избувнувањето на пандемијата со ковид-19 во Кина.
Локалните медиуми јавуваат дека причината за полните болници е новата појава на малку познатиот вирус наречен хуман метапневмовирус (ХМПВ), кој вообичаено предизвикува блага болест слична на настинка. Сепак, официјалните лица допрва треба да го потврдат ова.
Кинеската влада и Светската здравствена организација допрва треба јавно да се осврнат на видеата, кои нашироко кружат на социјалните мрежи, но кинескиот ЦДЦ предупреди дека стапките на повеќе болести слични на грип се во пораст.
Видеата за кои се тврди дека прикажуваат преполни болнички единици во Кина почнаа да се појавуваат на интернет околу новогодишната ноќ. Тие тврдат дека покажуваат болници во Хунан, провинција во центарот на земјата, како и во други области.
Алармот беше вклучен поради зголемувањето на случаите на мистериозна пневмонија кај децата, со видеа објавени на Интернет на кои се гледаат толпи луѓе со маски кои се собираат во болниците.