Германија во моментот не размислува за испорака на проектили со долг дострел „Таурус“ во Украина, кои можат да погодат цели на оддалеченост до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украина веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Велика Британија и од САД.
Писториус, кој е во посета на Киев, изјави и дека германската помош за Украина годинава достигнала до 7 милијарди евра. Тој најави дека 1,9 милијарди евра чекаат одобрение од Парламентот.
Писториус, кој од почетокот на војната петти пат е во посета на Украина, денеска се сретна и со украинскиот колега Рустем Умеров.