Background

Киев и Вашингтон сè уште преговараат

И покрај силниот притисок од Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да потпише нацрт-договор со кој половина од украинските ретки минерали минерали би се предале на американски компании во замена за воена помош, тврдат две лица запознаени со преговорите, објави Фајненшал тајмс.

„Договорот не е потпишан. Страните уште разговараат за деталите. Правниците сè уште работат на тоа. Во својот предлог, Американците опишаа многу сложен механизам со кој сакаат да добијат 50 отсто од украинските минерали“, изјави украински функционер кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на разговорите.

Тој додаде дека планот може да пропадне бидејќи може да биде во конфликт со украинското законодавство.

- Advertisement -
Ad image

Киев веќе извесно време се обидува да го заинтересира американскиот претседател Доналд Трамп да го гледа рудното богатство на Украина како солидна причина за континуирана поддршка во борбата против руската агресија. Блиски соработници на Доналд Трамп сугерираат дека договорот за минерали може да послужи како еден вид „економски штит“ што ќе ѝ покаже на Москва дека САД имаат конкретни интереси во Украина.

Претходно оваа недела, Трамп рече дека Украина треба да обезбеди 500 милијарди долари од своите минерални ресурси, за да ја компензира американската воена и цивилна помош од почетокот на војната.

Преговорите траат, а договор Правници сè уште не е постигнат.

„Украинската страна го испрати својот предлог до американската страна, па сега тие чекаат повратни информации. Додека Американците ги анализираат украинските предлози, ние ги разгледуваме нивните“, објасни функционерот.

Лице запознаено со преговорите за Политико изјави: „Американците не се задоволни од предлозите што ги добија од Украина“.

Дополнителен проблем со американскиот нацрт, како што се тврди, лежи во тоа што тој не вклучува конкретни безбедносни гаранции за Украина. Единствената можна безбедносна компонента би била распоредување на американски војници за заштита на рударските локации, но само во случај на договор за прекин на војната со Русија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation