Киднапери од Хамас задавиле деца заложници?!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

– Можеме да потврдиме дека бебето Кфир Бибас, старо само 10 месеци, и неговиот постар брат Ариел, четири години, беа брутално убиени од терористи додека беа држени како заложници во Газа најдоцна до ноември 2023 година – рече Хагари, според Тајмс оф Израел.

Хагари нагласува дека двете деца не се убиени во израелски воздушен напад, како што тврди Хамас, и ја повика меѓународната заедница да ги осуди нивните убиства како злосторства против човештвото.

– Оваа проценка се заснова и на форензички наоди и на разузнавачки информации што ги поддржуваат овие наоди. Ги споделивме овие наоди, разузнавачки информации и форензика со нашите партнери ширум светот за да можат да го потврдат тоа – рече Хагари.

Тој додаде дека разговарал со таткото на децата, неодамна ослободен, заложникот Јарден Бибас.

Хагари истакна дека Хамас не го предаде телото на мајката на децата, Шири Бибас, која требаше да биде вратена во Израел со нив како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој рече дека Хамас наместо нејзиното го предал телото на непозната жена која не била држена како заложник.

Хагари повтори дека Израел бара телото на Шири Бибас брзо да им биде предадено на израелските власти во согласност со договорот. Тој изјави дека форензичките вештачења потврдиле дека терористите го убиле заложникот Одед Лифшиц (83), чие тело во четвртокот и било предадено на израелската армија.

Share This Article