Background

Кендрик Ламар го „исплука“ Дрејк, другите добија ситница, тој ништо?

Американскиот рапер Кендрик Ламар, овогодинешната ѕвезда на Суперболот, чиј настап на полувремето само ја налути јавноста поради прозивките насочени кон раперот Дрејк, нема да биде платен за овој перформанс.

Изведувачите кои настапуваат на полувремето се врвни уметници, но добиваат синдикален надомест – „Спортс илустрејтед“ напиша дека Ашер, кој пееше минатата година, добил 671 долар за настапот и околу 1.800 долари за пробите.

Претставник на НФЛ претходно изјави за „Индипендент“ дека лигата ги покрива трошоците за шоу програмата на полувремето и ги плаќа изведувачите со минимална, синдикална стапка.

- Advertisement -
Ad image

НФЛ ќе ја следи продукцијата, која годинава изнесува 10 милиони долари, а цената вклучува дизајн на сценографијата, изработка, транспортни трошоци… што значи дека нема трошоци за изведувачот. Сепак, имало случаи кога изведувачите вложиле свои пари за да ја „оживеат визијата за настапот“ на полувремето – тоа го направи во 2021 година Д Викенд, кој даде 7 милиони долари за настапот.

Причината зошто изведувачите не добиваат големи хонорари за настапите на полувремето е фактот што преносот го гледаат повеќе од 120 милиони луѓе, што е особено важно за пејачите и пејачките, бидејќи тоа им носи зголемена продажба на албуми, стримови, продажба на билети за концертите, бројни следбеници, пренесува АОЛ.

Каков беше настапот на Кендрик Ламар?

Раперот го започна својот настап на покрив од автомобил, а кратко потоа, речиси на самиот почеток, се одлучи на шокантен потег. Од морето хитови што ја одбележаа неговата досегашна кариера, тој се одлучи за „дис“ (diss) песната насочена кон неговиот хип-хоп ривал Дрејк (38).

И покрај тоа што Дрејк неодамна ја тужеше неговата и издавачката куќа на Ламар, „Јуниверзал мјузик груп“, поради контроверзната дис-песна „Not Like Us“, во која Кендрик го нарекува Дрејк „сертификуван педофил“, тој сепак ја изведе песната на Супербол, но го изостави тој збор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation