Времето утре ќе биде променливо облачно, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе има услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово, со утринска температура до минус 2 степена, а најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 18 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во вторник врнежите ќе бидат побилни во западните делови.
Во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец.
Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 литри на квадрат), а во петок ќе бидат со послаб интензитет.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
