Background

ЌЕ СТАНЕ ТРАДИЦИЈА ВЛАДАТА ДА ГО ЧЕСТВУВА РОДЕНДЕНОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници на македонската Влада положи цвеќе на гробот на големиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод одбележувањето на 153-годишнината од неговото раѓање.

Мицкоски го честиташе денот од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев и посочи дека македонската Влада во иднина треба да има традиција во чествувањето на овој ден.

– Дозволете ми на целата македонска јавност да го честитам родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев. Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција во иднина да го чествува овој ден, бидејќи ова е наш македонски великан, којшто е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Во чест на раѓањето на Гоце Делчев денеска повеќе делегации положија цвеќе во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, бил наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation