Ќе следат засилени даночни контроли

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите вршители на авто-такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз должни се:

– Да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред;

– Да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат;

– Да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет;

– Да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно;

– Да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден;

– Да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање фискална сметка од страна на корисниците на услугата.

- Advertisement -
Ad image

Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, УЈП ги охрабрува да пријават преку бесплатната телефонска линија 198 и е-пошта: info@ujp.gov.mk.

Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности.

– Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина. Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители. Управата за јавни приходи останува посветена на спроведување на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на функционален и праведен даночен систем – се наведува во соопштението од УЈП.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article