Ќе се забрза дигитализацијата на образованието

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје од денеска ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието. Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага Министерството и ќе учествуваат во креирање и имплементација на нови техничко-технолошки решенија и дигитални услуги во воспитно-образовниот процес.

Ова е уредено со меморандум за соработка кој денеска го потпишаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски, а кој, како што информираа, зависно од потребите и можностите на двете страни, во иднина би можел дополнително да се надградува.

– Согласно договореното, дополнително факултетот ќе организира и спроведува едукативни активности во форма на обуки, работилници и семинари за стручно усовршување на вработените во Министерството. Од друга страна, Министерството ќе поддржи практично усовршување на студентите од овој факултет. Предвидени се и заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натпревари за младите во информатичко-комуникациската сфера – рече Јаневска.

Министерката изрази задоволство што лесно беше постигната согласност каде и како да соработуваат двете страни, со што значително ќе се подигне ефикасноста и ефективноста на работењето и на министерството и на факултетот, а во интерес на граѓаните. Посочи дека МОН покажува отвореност, а ФИНКИ висока општествена одговорност.

– Имам должност да ги повикам и другите јавни институции и високообразовни установи да иницираат ваков тип на соработка. Да им дадеме можност на младите да се докажуваат и практично да се надградуваат уште додека студираат и со тоа да им го поедноставиме настапот на пазарот на труд по дипломирањето – додаде Јаневска.

Деканот на ФИНКИ рече дека образовната установа и досега му помагала на МОН, но отсега во активностите ќе бидат вклучени и студентите за кои е убеден дека имаат потенцијал не само да препознаваат, туку да креираат решенија за сложени предизвици во ИТ сферата.

Share This Article