Background

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТА УВОЗОТ НА ИГРАЧКИ И НА КОЗМЕТИКА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во ревизорскиот извештај за 2024 година според кој постои ризик дека во земјава се пуштени во промет производи и супстанци за кои на територијата на Европската Унија е утврдено дека се штетни по здравјето.

- Advertisement -
Ad image

„Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение со цел да се надмине овој проблем.

Во делот на забелешките кои се однесуваат на инспекциските надзори, кои се од техничка природа се дадени насоки до сите подрачни одделенија овие забелешки во иднина да бидат корегирани. По однос на забелешките кои се однесуваат на одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата.

Во делот на материјално-сметковотствено работење, забелешките се од административно техничка природа и имајќи предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки“, соопшти Министерството за здравство.

Државниот завод за ревизија денеска објави извештај за работата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, според кој постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територија на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а да не се забранети на територијата на нашата земја.

Причината за ваквата состојба е тоа што листата на забранети супстанции во козметичките производи во земјава не е ажурирана ниту еднаш од нејзиното донесување во 2010 година и не ја следи праксата на Европската Унија. Како забранети, делумно забранети или времено дозволени во листата се наведени околу 1.600 супстанции.

„Согласно информациите добиени од Инспекторатот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) врши само ограничен број анализи и тоа: микробиолошка исправност на производите, определување на содржина на само неколку тешки метали (кадмиум, олово, никел и хром), pH-вредност и определување содржина на површинско активни материи“, се наведува во извештајот на ДЗР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation