Background

Ќе се потпише акциски план за размена на експертиза на теми за интеграција во ЕУ

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

Во рамки на првиот ден предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

- Advertisement -
Ad image

По завршување на меѓувладината седница утре заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.

– Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство. Унгарија не е само наш партнер на европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција – истакна македонскиот премиер.

Унгарскиот премиер, пак, кажа дека голема грешка е што земјава не е членка на ЕУ и понуди да посредува во решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, што Софија потоа експресно го одби.

– Нашиот став е јасен, зачленувањето на Западен Балкан е важно за неговата стабилност, но и за стабилноста на Унгарија, па и на самата ЕУ. Застојот во процесот на проширување, како во случајов со Северна Македонија, не е фер. Подготвени сме да разговараме за овие прашања и да работиме на тој план – рече тогаш премиерот на Унгарија како претседавач со ЕУ.

Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион. Беше истакнато дека нашата соработка со Унгарија ќе биде клучна за успешна имплементација на овие иницијативи.

Мицкоски и Орбан на маргините на НАТО самитот во Вашингтон договорија   воспоставување специјална економска соработка и заем за земјава од милијарда евра, од кои 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година. Остатотокот од средствата – 250 милиони наменети се за поддршка за стопанството и исто толку за инфраструктурни проекти во општините.

Премиерот Виктор Орбан во 2013 година во Охрид од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation