Background

Ќе се гледаат видео снимки од дворот на Манев во Велес

Основното јавно обвинителство донело решение дека барањето на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.

Ова го соопшти судијата Ивица Стефановски на почетокот на денешното рочиште по што продолжи изнесувањето материјални докази од страна на обвинителките.

На претходното рочиште Обвинителството предложи докази кои одбраната требаше да ги разгледа. Одбраната приговараше дека овие дополнителни докази доцна се предлагаат, а немало пречки да се обработат навреме. Судијата не го прифати приговорот, така што најавени беа презентации од известувања од МВР, од БЈБ, извештај за увид во двр уред од видеокамери и презентација на 6 цедиња, бидејќи овие докази биле најавени при подигнување на обвинителниот акт.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски рече дека точката 16 од листата докази кои се предложени во обвинителниот акт од 12.8.2024 се злоупотребува.

– Таму се наведени вештачења, анализи, извештаи, по поднесени наредби од Јавното обвинителство. Камерите се одземени со наредба на 18.12.2023 година. Не знам зошто е потребно повеќе од една година. Јавноста ќе види дека нема потреба од никакви посебни анализи за да мора овие докази да се достават надвор од рокот на законита постапка. Се злоупотребува доказ од листата, општо наведен, без да се наведат броевите на наредбите и без да се наведе кои се причините за толкаво доцнење да се изведат овие докази. Јас ги погледнав снимките и немам против да се изведат, но барам да се изведат согласно Законот за кривична постапка. За видео материјал за кој не требаат посебни обработки, Судот не треба да го дозволи изведувањето на овој доказ вака како што е предложен. Судот има начин во текот на постапката да ги изведе доказите – рече Страшевски.

Судијата Стефановски рече дека веќе одлучил дека доказите ќе се изведат. Обвинителката побара 15 минути пауза за да се подготви технички за презентација на снимките направени во дворот на Велибор Манев во Велес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation