Background

ЌЕ СЕ ФОРМИРА ФОНД ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Можностите за унапредување на процесот за создавање на Фондот за енергетска ефикасност како и негова операционализација во најкус можен рок, беше една од темите на дискусија на денешната средба на министерката за енергетика Сања Божиновска со претставници на Светската банка.

На состанокот се дискутираше за потенцијалните фондови од Светската банка, кои би биле наменети за поддршка на енергетските реформи, транзицијата кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјата.

Од страна на Светска банка беа презентирани искуства од земјите во регионот.

- Advertisement -
Ad image

-Фондот ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина – велат од Министерството за енергетика.

Како што соопштија од Министерството, се разговарало и за  проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор-Public Sector Energy Efficiency Project (PSEEP) во компонента 3 кој е наменет за поддршка на оваа активност во Македонија.

На состанокот беа дискутирани и можностите за соработка во полето на енергетиката каде што Светска Банка може значително на придонесе за подобрување на целиот процес.

„Министерството останува посветено на имплементација на реформите во енергетиката и во таа насока продолжуваме со активна соработка со Светска банка се со цел пронаоѓање на решенија за подобрување на енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation