Ќе се брани секоја педа на Алијансата, порачува Руте

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најновата ескалација на тензиите меѓу Русија и НАТО доведе до лансирање на нова воена операција. Според соопштението на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, НАТО ја започнува операцијата „Источна стража“ како директен одговор на нарушувањето на воздушниот простор на земјите членки, предизвикано од упадите на руски дронови.

– Активностите ќе почнат во наредните денови и ќе опфатат низа мерки – изјави Руте на прес-конференција во Брисел заедно со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.

Операцијата, како што најави генералниот секретар, првично ќе ја поддржат Велика Британија, Германија, Данска и Франција.

– Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата – подвлече Руте.

Причина за ваквиот чекор е последниот инцидент во Полска, кога во раните утрински часови во средата руски дронови го нарушија воздушниот простор. НАТО активираше противвоздушна одбрана и успешно ја заштити територијата.

– Ова беше најголемата концентрација на нарушувања досега. Но, тоа не беше изолиран инцидент. Слични прекршувања видовме во Романија, Естонија, Латвија и Литванија. Без разлика дали намерно или не, ова е опасно и неприфатливо – предупреди Руте.

По барањето на Полска за консултации според Членот 4, Северноатлантскиот совет одржа итен состанок и ја изрази целосната поддршка за Варшава.

– Заштитата на источниот дел од Алијансата е од најголема важност – нагласи генералниот секретар.

Операцијата „Источна стража“ има цел да ја зајакне позицијата на НАТО и да испрати порака на одлучност.

- Advertisement -
Ad image

– Без разлика дали активностите на Русија се намерни или не, ние мораме јасно да покажеме дека ја браниме секоја педа од нашата територија – изјави Руте.

Генералот Гринкевич ја потврди проценката, нагласувајќи дека станува збор за прашање што не ја засега само Полска.

– Она што влијае на еден сојузник, влијае на сите. Затоа не чекаме, туку делуваме. „Источна стража“ претставува нов пристап – флексибилен, пофокусиран и способен за одвраќање каде и да е потребно – истакна тој.

- Advertisement -
Ad image

Данска ќе учествува со два авиона Ф-16 и една противвоздушна фрегата, Франција со три авиони „Рафал“, а Германија со четири „Еурофајтер“.

Share This Article