Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата внимателно ќе ги следи движењата на цените на прехранбените производи и ќе интервенира доколку се забележи „неконвенционално однесување“ од страна на трговците, снабдувачите или дистрибутерите.
– Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Влада рековме дека трикови нема да толерираме – изјави Мицкоски.
Осврнувајќи се на пресметката на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за минималните месечни трошоци, премиерот посочи дека одредени ставки, како сезонското овошје, не се соодветни за оценка на реалната слика.
– Не мислам дека е соодветно да се пресметуваат сезонски овошја – јагоди, цреши, лубеници – како дел од репер за потрошувачката кошничка во овој период од годината – рече тој.
Според денешните податоци на ССМ, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство за мај се зголемени за 1.217 денари во однос на април. Од нив, 954 денари отпаѓаат на зголемени трошоци за храна и пијалаци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
