Казни за скопски тинејџери по лудилото по улиците

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екстремно опасно и неодговорно однесување на неколку млади лица од Скопје стана вирална сензација на социјалните мрежи – но од погрешни причини. Во видеото, снимено доцна во ноќта, се гледа како група момчиња, најверојатно тинејџери, возат автомобил без регистарски таблички по булеварот „Партизански одреди“ во населбата Ѓорче Петров, притоа кршејќи неколку закони и целосно игнорирајќи ја сообраќајната безбедност.

Сцената која ги шокираше граѓаните – едно лице стои на хаубата додека автомобилот се движи со голема брзина, предизвика бројни реакции, по што Министерството за внатрешни работи веднаш реагираше.

„Веднаш по споделувањето на видео-записот, беа преземени мерки и активности. Лицата се пронајдени и извршен е службен разговор со нив. Ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила“, соопштија од МВР.

Од полицијата информираа дека против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП.

„СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, потврдуваат од полицијата.

Share This Article