Background

Казнети мажите што со моторна пила го исекоа славното дрво од „Робин Худ“

Двајцата мажи што предизвикаа глобален гнев поради уривањето на едно од најпознатите и најомилени дрвја во Велика Британија се осудени на затвор, објави Најтли.

Даниел Греам, кој има 39 години, и 32-годишниот Адам Каретерс биле прогласени за виновни за кривично дело – оштетување имот, откако во септември 2023 година со моторна пила го пресекле дрвото кај Сикамор Геап, што паднало врз Ѕидот на Хадријан во Нортамберленд и го оштетило. Ѕидот е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.

Во вторникот, двајцата беа осудени на по 4 години и 3 месеци затвор.

- Advertisement -
Ad image

Нивниот чин во јавноста беше нашироко наречен „Мисија на морони“, поради апсурдноста и бесмисленоста на нивната постапка, а како таков бил именуван од самото обвинителство.

Судијката Кристина Ламберт изјави за време на изрекувањето на казната дека мотивот на осудените не е целосно јасен, но верува дека гневот што го предизвикале во јавноста им донел „извесно задоволство“. Таа оценила дека уривањето на дрвото било чин на „апсурдна глупост“.

Адвокатите на двајцата осудени посочиле дека нивните клиенти, Даниел Греам и Адам Карутерс, ја прифатиле одговорноста за делото за време на разговори со службени лица задолжени за условни казни. Одбраната го опишала нивниот потег како „погрешна постапка под дејство на алкохол“.

Ламберт додаде дека дрвото било репер и „симбол на нескротената убавина“ на пејзажот што го опкружува.

Во изјава за влијанието врз оштетените, прочитана пред судот, претставникот на Националниот фонд, Ендрју Поад, изјави дека „иконичното дрво никогаш нема да може да се замени“.

Тој го нарече вандализмот „неразбирлив“ и додаде дека уништувањето на дрвото предизвикало „огромна тага и збунетост кај луѓето низ целиот свет“.

 

Дрвото се наоѓаше на превој помеѓу два рида и стана славно поради неговото појавување во филмот „Робин Худ: Принцот на крадците“ со Кевин Костнер од 1991 година.

Според науката, станува збор за дрво од видот Acer pseudoplatanus – еден вид јавор кој потекнува од Централна Европа, Италија и од Западна Азија. Се претпоставува дека дрвото било донесено во Британија од страна на Римјаните.

Ѕидот на Хадријан, изграден од римскиот император Хадријан, се протега околу 117 километри низ северна Англија – од бреговите на реката Тајн до Солвеј Ферт.

Од страна на Националниот фонд, организацијата што се грижи за културните и природните добра во регионот, уште минатото лето беше соопштено дека се забележани знаци на живот во коренот на дрвото, што поттикна надежи дека можеби ќе може да се регенерира.

Во најновите информации, управата на Националниот парк Нортамберленд објави дека остатокот од стеблото ќе биде претставен во уметничка инсталација во близина на оригиналната локација.

Во прилог – сцената од „Робин Худ“ со славното дрво, пред „мисијата на мороните“ да реши дека е време да го уништи дрвото.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation