На плоштадот во Тетово денеска беше оддадена почит за 59 млади луѓе кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, заедно со членовите на Советот на Општина Тетово и дел од средношколците положија цвеќе и оддржаа минута молк.

– Денеска сме тука во Тетово, во мое лично име, во име на моите сограѓани да ја споделиме нашата длабока болка со сите семејства на загинатите од трагедијата во Кочани. Како Тетово и тетовци стоиме сплотени заедно со сите за полесно да ја поминеме оваа голема болка и оваа трагедија што ни се случи. Се молиме и работиме ова да биде последна трагедија што ни се случува. Нашата цел е понатаму како институции да работиме ваквите случаи да се елиминираат и да не ни се случуваат – истакна Биљал Касами.
Младите од Тетово и попладне ќе се соберат на плоштадот за да се оддаде почит на загинатите. Од соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово информираат дека храмот ќе биде отворен и вечерва за верниците кои сакаат да оддадат почит со палење на свеќа и со молитва.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
