Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти, актуелен селектор на фудбалската репрезентација на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, е осуден на една година условна затворска казна во Мадрид, поради даночна измама од пред десет години.
Судот го прогласи виновен за затајување данок во 2014 година, во време кога Анчелоти беше во својот прв мандат на чело на „кралскиот клуб“. Иако нема да оди во затвор бидејќи казната е условна, тој ќе мора да плати казна во износ од 400.000 евра.
Обвинителството го товареше Анчелоти дека измамил државната благајна во Шпанија во текот на 2014 и 2015 година. Тој на суд изјавил дека никогаш немал намера да го прекрши законот и дека целата ситуација произлегла од тоа што ги следел инструкциите добиени од клубот и даночните советници.
– Секогаш сум се стремел да бидам транспарентен. Ако има грешка, тоа е последица на совети што сум ги добил. Побарав ослободителна пресуда, а ако морам да бидам осуден, нека се земат предвид олеснителни околности – изјавил Анчелоти во своја одбрана.
Според податоците од судењето, Анчелоти ја подмирил штетата и го исплатил целиот долг кон државата до декември 2021 година, вклучително и задоцнетите плаќања, што било земено предвид при изрекувањето на условната казна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
