Новите царински стапки на американскиот претседател Доналд Трамп од 25% за увозот од Мексико и Канада стапија на сила. Исто така стапија на сила и царинските стапки од 20% на увозот на кинески стоки.
Трамп рече дека трите земји не направиле доволно за да го запрат протокот на смртоносниот опиоид фентанил во САД.
Царинските стапки ќе ја чинат тровската размена на САД со овие три најголеми трговски партнери речиси 2,2 трилиони долари.
Канада и Мексико се подготвени веднаш да возвратат. Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека Отава ќе одговори со сегашни царини од 25% за увоз од САД во вредност од 30 милијарди канадски долари (20,7 милијарди долари) и уште 125 милијарди канадски долари (86,2 милијарди долари). Тој претходно рече дека Канада ќе ги таргетира американското пиво, виното, бурбонот, домашните апарати и сокот од портокал.
-Царините ќе го нарушат неверојатно успешниот трговски однос – рече Трудо, додавајќи дека тие ќе го прекршат договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада. Премиерот на Онтарио Даг Форд изјави за NBC дека е подготвен да ја прекине испораката на никел и електрична енергија од неговата провинција во САД како одмазда.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум се очекува да го објави својот одговор денеска за време на утринската прес-конференција во Мексико Сити.
Кинеското Министерство за трговија денеска најави контрамерки бидејќи Вашингтон погрешно ја „префрлил вината“ за својата криза со фентанил на Пекинг. Државниот весник Глобал тајмс во понеделникот објави дека одмаздата на Пекинг најверојатно ќе биде насочена кон американските земјоделски и прехранбени производи.