Калин Ивановски ќе игра со Илја Снитари во третото коло од Дејвис купот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската тениска репрезентација поведе во дуелот од третото коло против Молдавија со 1:0 откако Стефан Мицов успеа да го победи Андреј Горбан со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) во меч што траеше 97 минути.

Самиот почеток на мечот имаше чуден тек откако во првите пет гема имаше пет брејка и во таквиот расплет водство од 3:2 во гемови имаше Мицов, кој ги доби и следните два гема на свој сервис, а сетот го заврши со уште еден брејк за 6:3 во првиот сет. Во првиот гем на мечот беа одиграни вкупно 20 поени.

Вториот сет беше сосема поинаков и тенисерите успеваа да освојат гем на свој сервис. Во таква ситуација кога прв почна да сервира Мицов, македонскиот тенисер имаше и предност од 5:4 во гемови, до моментот кога во 10-тиот гем успеа да направи брејк искористувајќи ја втората меч топка и сетот го заврши со 6:4.

Во вториот меч за Македонија настапува Калин Ивановски, додека на спротивната страна е Илја Снитари од Молдавија.

Во мечот во двојки се пријавени Ивановски и Мицов, а за Молдавија Андреј Киумак и Снитари

Share This Article