Background

Калас предупредува дека Европа мора поактивно да се ангажира околу Западен Балкан

Процесот на проширување на Европската Унија е нешто видливо и затоа ни се потребни успешни приказни во неговото спроведување на Западен Балкан, порача утрово високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата во Луксембург.

– Гледаме како тензиите растат (во регионот) и дефинитивно треба да се придвижи процесот на проширување – истакна Калас.

Таа додаде дека синоќа заедно со европските министри за надворешни работи присуствуваше на вечера со колегите од Западен Балкан на која, како што рече, разговарале и дискутирале со пријателите од регионот.

- Advertisement -
Ad image

Калас нагласи и дека деновиве сме сведоци на најсмртоносните напади во руската инвазија врз Украина, во кои се убиени голем број цивили.

– Помина веќе е еден месец откога Украина се согласи на безусловен прекин на огнот, но тоа не го гледаме од руска страна. Јасно е дека треба повеќе да ја поддржуваме Украина – рече Калас.

Таа изрази задоволство што веќе се остварени две третини од нејзината иницијатива за обезбедување муниција за Украина, но дека ЕУ треба да направи повеќе, потсетувајќи дека оваа година европските земји се обврзаа на 23 милијарди евра поддршка за земјата, што е повеќе од минатата година, но дека треба и да се изврши притисок врз Русија за да ја запре војната.

– Секоја земја членка го дава она што може да го даде, но мислам дека пораката е многу јасна оти треба да направиме повеќе за Украина за да може да се одбрани и цивилите да не мора да умираат – додаде Калас.

Високата претставничка информира дека на Советот ќе се разговара и за соработката на ЕУ со земјите од Африка и за засилување на европскиот ангажман на овој континент, како и за состојбата на Блискиот Исток, поврзано со можното олеснување на санкциите кон Сирија и за напорите за запирање на „ужасната загуба на животи“ во Газа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation