Како ќе се промени ситуацијата по проектот вреден 1,5 милиони евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во ноември 2024 година започна имплементацијата на значаен проект за усогласување на законската рамка за квалитет на воздухот со европските регулативи, со поддршка од Европската Унија преку ИПА 2 програмата. Проектот, вреден 1,5 милиони евра, ќе обезбеди транспонирање на важни европски директиви во националното законодавство, што ќе доведе до значајни подобрувања во управувањето со амбиентниот воздух.

„Овој проект е клучен за усогласување на нашето законодавство со европските стандарди за квалитет на воздухот. Ќе работиме на донесување нови закони и правилници кои ќе овозможат подобра контрола и спроведување на мерките за заштита на воздухот“, велат од Министерството за животна средина и просторно уредување.

Проектот ќе резултира со комплетирање на законската рамка, создавањето на нов закон за квалитет на амбиентен воздух и серија подзаконски акти кои ќе ги следат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC). Заедно со нив, ќе се подготват и планови за имплементација на директивите, вклучувајќи фискални импликации за нивно спроведување.

„Со овие мерки, ќе се дефинираат и приоритетизираат акции за подобрување на квалитетот на воздухот. Заедно со надлежните институции ќе работиме на изработка на национални плански документи кои ќе го поддржат оваа стратегија“, додаваат од министерството.

Проектот исто така ќе се фокусира на зајакнување на националниот инвентар за емисии во воздухот и на спроведување на план за мониторинг на опасни супстанци, како што се тешки метали и полициклични ароматични јаглеводороди. Ќе се воспостават нови зони и агломерации за мерење на овие супстанци, со цел да се добијат прецизни податоци за квалитетот на воздухот.

За успешна имплементација на проектот, ќе се инвестира и во зајакнување на административните капацитети кои ќе бидат одговорни за спроведувањето на овие мерки. Ова ќе помогне во подобрувањето на квалитетот на воздухот и во заштита на здравјето на граѓаните.

Share This Article