Летото е во полн ек, а сезоната на базени, плажи и костими за капење е отворена веќе одамна!
Сонцето не’ повикува да излеземе надвор и да уживаме во долгиот ден и високите температури, но пред да го направиме тоа треба да бидеме сигурни дека сме соодветно заштитени од сончевите зраци.
Во продолжение неколку совети како да го направите токму тоа.
Ултравиолетовите (UV) зраци на Сонцето се всушност оние на кои треба да се внимава, бидејќи иако тие ја сончаат кожата и ѝ го даваат оној често посакуван потемен тен, сепак можат да имаат и штетно влијание.
А еден од најефикасните начини кожата да се заштити од штетните UV зраци е превентивата, односно нанесувањето на крема или масло со заштитен фактор пред секое изложување на сонце.
Заштитниот фактор ја штити кожата од директно влијание на сончевите зраци и може да обезбеди заштита за сите типови кожа – со различен фактор на заштита.
Во топлите летни денови, се препорачува користење на заштитен фактор од најмалку SPF30 или повеќе, за најдобар ефект.
Нанесувањето крем за заштита од сонце е само првиот чекор на заштита и оној наједноставен, најлесен начин да се намали штетното влијание на сончевите зраци.
Дури и откако ќе се нанесе заштитен фактор, добро е чувствителните делови од кожата да се скријат од сонцето. Особено на лицето, каде што кожата е посебно нежна и секоја дамка, изгореница или рана е многу лесно видлива. Шапката и очилата за сонце се задолжителен дел од летната гардероба и најдобро е да бидат ставени во употреба при секое напуштање на домот и изложување на сонце.
Но, важно е да се внимава на периодите од денот кога сончевите зраци се најсилни и да се ограничи движењето на отворено во тие часови.
Затоа, паметно е денот да се започне што порано и да се искористат пријатните утрински сончеви зраци што е можно повеќе. Но, кога часовникот ќе отчука пладне, најдобро е да се побара сенка и да се остане под неа во наредните 4-5 часа, затоа што сонцето не простува во овој дел од денот.
Во оваа сезона, не заборавајте да ја разгледате dm Sundance колекцијата, која нуди широк спектар на производи за заштита од сонце, вклучувајќи креми со висок заштитен фактор, масла и лосиони кои се специјално формулирани за да ја заштитат вашата кожа од штетните UV зраци. Овие производи не само што обезбедуваат заштита, туку и хидратација и нега на кожата, што е особено важно во летните месеци.
Ова се само неколку совети кои ќе ви помогнат да останете безбедни и да ја одржите кожата здрава и заштитена од штетни влијанија и предвремено стареење.
Секако дека дел од грижата за себе се и редовните проверки за нови рани, знаци на промена на кожата или било какви дамки кои делуваат сомнително, кои веднаш откако ќе бидат забележани треба да бидат пријавени кај матичниот лекар или кај дерматолог.