Порано децата чекаа со часови да почне нивната омилена емисија на ТВ или да бидат готови фотографиите од роденденот. Денеска за да го добијат она што го сакаат доволен им е еден допир на екранот – веднаш и сега. Дигиталната ера ни донесе неверојатни можности, но и предизвици, а еден од најголемите е – како да ги научиме децата да чекаат?
Трпението не е вродена особина, туку вештина која се учи и се развива.
Во свет каде што сè се случува веднаш, децата сè потешко поднесуваат чекање, одложување на наградата и фрустрации. А токму овие способности се клучни за нивниот иден успех, емоционална стабилност и среќен живот.
Како да му помогнете на детето да научи што значи трпение, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.