Како Ал капоне вовел рок на траење на млекото?

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот мафијаш Алфонс – Ал Капоне бил еден од најмоќните и најозлогласените криминалци во САД во текот на 1920 и 30-тите. Тој го контролирал криумчарењето и продажбата на алкохол за време на т.н. прохибиција, па и коцкањето, проституцијата и другите нелегални работи во Чикаго и во други градови. Тој е познат по својата бруталност и насилство, особено по масакрот на 14 февруари 1929 година, кога наредил убиство на седуммина од соперничка банда. Сепак, во 1932 тој е осуден за неплаќање данок и минал неколку години в затвор, каде што претходна зараза со сифилис почнала да му ја уништува психата.

Сепак, според истржувачите на поновата американска историја, Капоне имал и некои позитивни влијанија врз општеството, како што пишува „Политика“ – иако, ненамерно. За време на Големата депресија мафијашот имал „углед на Робин Худ“ во Чикаго. Капоне ја отворил и првата народна кујна во градот, обезбедувајќи три оброци дневно за сиромашни поединци и семејства. Народните кујни така и станаа толку популарни… Но, тој е заслужен и за воведувањето датум и рок на траење на млекото.

Како почнало сѐ тоа? Братучедот на Ал Капоне бил голем обожавател на млеко, па еднаш испил расипано млеко и добил тешко труење. Ова го навело Капоне, како „влијателен граѓанин“ во својата заедница, да иницира идеја за поставување датум на производство и датум на истекување на рокот на пакувањата млеко – за потрошувачите да бидат сигурни во квалитетот на млекото што го купуваат.

Така, Капоне купил, (а и поткупил) неколку млекарници во Чикаго и им наложил да ги означуваат своите производи со рок на истекување. Тој, исто така, платил за реклама за неговото млеко како „најдобро и најбезбедно“ на пазарот.

Неговата иницијатива привлекла внимание од јавноста и од медиумите, коишто го поддржале неговиот предлог. Наскоро, и други млекарници и производители на храна почнале да користат датуми на истекување на нивните производи и пакувања, за да ја задоволат побарувачката на потрошувачите и заради подобра конкуренција.

Share This Article