Background

Кај децата под 5 години смртноста е намалена за 75%

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за здравство, Азир Алиу на заедничката прес-конференција со претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев и шефот на Канцеларијата на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, како и претставници на УНИЦЕФ и УНФПА ги презентираа резултатите од најновиот извештај на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата за 2025 година.

- Advertisement -
Ad image

– Согласно наодите од извештајот, нашата држава е рангирана меѓу најуспешните земји на глобално ниво во намалување на неонаталната смртност и смртноста кај децата под петгодишна возраст, при што државата е препознаена како пример за успешна имплементација на интегрирани и координирани здравствени политики. Во изминатиот период е евидентиран значителен напредок, при што стапката на неонатална смртност е намалена за 87 проценти, од 8,1 на 1,1 на 1.000 живородени деца, додека стапката на смртност кај деца под пет години е намалена за 75 проценти, од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца. Остварените резултати се плод на континуирани системски реформи, зајакната институционална координација и партнерство со релевантните меѓународни организации, како и имплементација на сеопфатни мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита – истакна министерот Алиу.

Во таа насока, особено значајни се активностите насочени кон зајакнување на итната акушерска и неонатална нега, ревидирање и усогласување на клиничките протоколи, унапредување на практиките за реанимација на новороденчиња и превенција на инфекции, како и подобрување на системот за медицински транспорт. Паралелно, Министерството за здравство доследно го спроведува мастерпланот за перинатална нега 2020–2030, кој обезбедува воспоставување стратифицирана перинатална мрежа, согласно нивото на ризик и овозможува континуирано унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита.

Министерсот Алиу изрази искрена благодарност до партнерските организации – СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, како и до Комитетот за безбедно мајчинство, за нивната континуирана поддршка, стручна експертиза и заедничка посветеност во унапредување на здравствената заштита на мајките и децата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation