Новоизбраниот градоначалник на Кичево Александар Јовановски, кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија“ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за, како што го нарече, историскиот успех на локалните избори.
„Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници по целиот свет. Сакам длабоко од срце да Ви се заблагодарам за историскиот успех, за големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу.
Им благодарам на сите кои преку електронски пат ми честитаат непрекинато во пораки и на истите не можам во разумно време да одговорам – почит до сите Вас!
Кичево мудро одбра, проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост. Време е за многу работа, време е за заедница, би рекол со живот и соживот! Народот дојде по своето и ќе биде приоритет во мојот мандат“ – напиша новиот градоначалник на Кичево.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
