Јотова: Постои обид од страна на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за нејзиното усогласување со европските критериуми како каприц на нашата земја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Постои обид од страна на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за нејзиното усогласување со европските критериуми како каприц на нашата земја, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

– Тие се обидуваат барањата да ги претстават како билатерална блокада, што не е вистина –  рече Јотова.

Таа денеска во Софија ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и ќе разговараат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Двете ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.

– Сакаме да чуеме од комесарката Марта Кос каква е визијата и проектот за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан. Во последните месеци, оваа тема е напуштена – рече таа.

Според Јотова, дебатата се искривува и во Бугарија во некои аспекти и на европски терен.

Share This Article