Хрватската пејачка Јелена Розга неодамна одржа серија концерти во Сава Центар во Белград, а по тој повод откри дека се соочува со сериозни здравствени проблеми. Со оглед на тоа што оваа вест ги загрижи нејзините фанови, таа сега се осврна и откри дали ситуацијата е подобрена:
„Одморив малку, добро сум. Ме видовте на сцена, туркам, полна сум со енергија, секогаш добро се забавувам со мојата публика. Толку многу ја сакам мојата работа и многу сакам да бидам на таа сцена. Добро е сè додека сум со нив. Во моментов се занимавам со здравјето, ситуацијата не е баш најдобра, но сè ќе биде во ред, го решаваме тоа“, изјавила Јелена за хрватски „Стори“ и додала:
„Ништо не ме нервира. Единственото нешто што ме лути е моето здравје, кое не е како што би сакала да биде и не ме слуша како порано. Но, навистина се трудам да живеам здрав живот, да спијам многу и да се одморам. Сепак, понекогаш стресот си го зема својот данок, но јас не се откажувам“, додала таа.
Да потсетиме, Јелена е во врска со Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ, а до неодамна во медиумите се шпекулираше дека парот решил да се венча.
„Вљубена сум и среќна, тоа е вистина, но да се мажам, не се мажам. Полека, полека, има време. Особено не планирам две свадби, како што велат“, изјавила пејачката.