Ве информираме дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034.
Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во прилог на оваа порака во текот на периодот за јавен увид (24.02.2024 – 24.03.2025).
Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е јавна презентација и расправа во
-
- Охрид, 10.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во малата сала
Ве покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации.
Сите коментари може да се достават на следниот начин:
- електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk,
- по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад).
Ви благодариме за Вашиот интерес и соработка.